04 Април, 2020
0.0275

ВФП Фонд Менаџмент однапред плати аконтации за данок на добивка за 2020 година во износ од 1,415,460 денари

Објавено во: Мои пари 24 Март, 2020

Имајќи ја во предвид моменталната состојба и сериозниот предизвик со кој се соочува нашата земја, ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје како профитабилна компанија одлучи во рамките на својот капацитет да помогне на државата во овие тешки моменти. 

ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје однапред изврши плаќање на своите месечни обврски по основ на аконтативно плаќање на данокот на добивка за 2020 година. Односно веднаш е исплатен вкупен износ од 1,415,460 денари, наместо вообичаената исплата преку месечни аконтативни износи. 

Со оваа постапка друштвото има за цел да придонесе за зголемена ликвидност на државата во овој тежок период, имајќи предвид дека на државата би и биле од корист дополнителни ресурси за спречување на брзо ширење на вирусот, за заштита на здравјето на граѓаните, и за минимизирање на неминовните штети врз економијата. 

ВФП Фонд Менаџмент продолжува со своето ефикасно работење во корист на инвеститорите во фондовите под управување на Друштвото и притоа апелира за почитување на мерките и инструкциите дадени од надлежните органи, со цел побрзо пребродување на кризата и враќање на редовниот живот.

Можеби ќе ве интересира

Силк Роуд Банка објави јавна понуда за промена на договорните услови за кредитните производи на физички лица

Силк Роуд Банка објави јавна понуда за промена на договорните услови за кредитните производи на физички лица

ЕВЕНТ индустријата бара итни мерки од Владата

ЕВЕНТ индустријата бара итни мерки од Владата

Проф.д-р Нано Ружин на тема: ,,Што после коронавирусот?”

Проф.д-р Нано Ружин на тема: ,,Што после коронавирусот?”

Дефектот во Студеничани е саниран

Дефектот во Студеничани е саниран

Евент индустријата бара итни мерки од Владата

Евент индустријата бара итни мерки од Владата

Битолска млекара предвреме плати 15 милиони денари данок на добивка и донираше за битолската болница

Битолска млекара предвреме плати 15 милиони денари данок на добивка и донираше за битолската болница

Директорите на СН Осигурителен брокер одржаа предавање за студентите на Економски факултет

Директорите на СН Осигурителен брокер одржаа предавање за студентите на Економски факултет

Менаџментот на ТКП донесе одлука за солидарност, менаџерите ќе примаат минимална плата, a разликата ќе ја донираат во фондот за солидарност COVID-19

Менаџментот на ТКП донесе одлука за солидарност, менаџерите ќе примаат минимална плата, a разликата ќе ја донираат во фондот за солидарност COVID-19

ЈП Водовод и канализација - Скопје со поддршка на децата и младите од СОС Детско село

ЈП Водовод и канализација - Скопје со поддршка на децата и младите од СОС Детско село