26 Април, 2024
0.0297

Вице Заев: Не сум се сретнал со никој од „Рекет“, на криминалците им нема спас!

Објавено во: Македонија 19 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Вице Заев, братот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, вели дека наводните докази од ПИ-мерки со снимки од негови средби со Зоран Милевски Чичеец, осуденик од случајот „Рекет“, се конструкција на дел од медиумите и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Деновиве се потсетувме на дел од овие методи на режимот, ги видовме остатоците на заробената држава повторно како реализираат црни кампањи. Се интензивираа нападите со лажни вести и конструкции насечени кон мене лично и кон моето семејство преку дел од медиумите и преку опозициската ВМРО-ДПМНЕ, контролирани од Груевски.

Сите овие измислици и конструкции ги демантирам јавно. Ниту јас, Вице Заев, ниту било кој член од моето семејство нема поврзаност со случајот познат во јавноста како „Рекет“ ниту пак со лагите кои на прес конференции ги изнесува ВМРО-ДПМНЕ.

Изнесените невистини дека сум се среќавал со лицата осомничени за овој случај, дека сум седел, дека ме имало на некои снимки ги демантирам, тоа не е точно. Обидите за мое инволвирање на било каков начин во валканата политичка кампања сметам дека е намерно, лажно и тенденциозно со единствена цел, да му се наштети на Зоран Заев и политиките кои ги спроведува“, гласи во дел од демантот на Вице Заев.

Бизнисменот понатаму ги повикува сите кои поседуваат докази, односно некакви снимки од негови средби со обвинети од случајот „Рекет“ да ги објават во јавноста.

„Ги повикувам сите надлежни институции да ги проверат сите изнесени наводи, да ги објават сите снимки, видеа, аудио материјали, се што има барам да се објави, за јавноста да се увери во вистината.

Самиот факт што законски била спроведена постапката за прибирање докази и видео материјали потврдува дека никој нема контрола над постапките што се водат во МВР, во обвинителството и судството, освен надлежните институции.

Ако некој имал контрола на овие институции, како што беше за време на режимот, тоа никогаш немало да се случи.

Народот гледа што се случува и се му е јасно. Со невистини и лажни вести мета е семејството на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, затоа што тој е најголема закана за вистинските криминалци.

За овие луѓе нема ништо свето, ниту семејството, уште помалку граѓаните или државата“, вели тој.

Според Вице Заев, причината за неговата дискредитација лежи во донесувањето на Законот за јавно обвинителство.

„Семејството Заеви, односно Зоран Заев е трн во окото за сите што се под контрола на Никола Груевски, избеганиот криминалец и кои не и мислат добро ниту на државата, ниту на граѓаните.

Ја уништуваа 11 години нашата татковина и избегаа за да се соочат со одговорност.

Затоа се шират лажни вести преку медиумите под нивна контрола, се шират измислици, секојдневно се пласираат тешки лаги, клевети, но и на прес конференции на ВМРО-ДПМНЕ, не се бираат начини ниту средства да му се наштети на Зоран Заев и неговото семејство.

Им пречи затоа што беше најуспешен градоначалник на Струмица. Им пречи затоа што го сруши нивниот режим со пенкало. Им пречи затоа што ја донесе слободата и демократијата. Им пречи затоа што застана храбро против неправдите. Им пречи затоа ја придвижи економијата, ја врати социјалната сигурност, им помага на ранливите, не дели туку обединува. Им пречи затоа што успеа својата татковина да ја извади од калта и да ја внесе во НАТО, на чекор до ЕУ.

Но најмногу им пречи, затоа што се избори да се донесе Законот за јавно обвинителство со кој конечно доаѓа правда, се обезбедува правна држава и секој што се огрешил пред законот ќе одговара. Нема спас за криминалците. Ги чека затвор“, се вели во реакцијата.

Претходно Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција објави дека од доказите од рочиштето за случајот „Рекет“ во понеделникот можело да се види дека Кичеец имал средба со Вице Заев, во текот на јуни и јули.

Тој побара обвинителството да ги објави и тонските записи од овие истражни мерки. Медиуми објавија дека на една од снимките прикажани во судницата наводно биле снимени како во скопски ресторан тие седат заедно. Сепак, немало опис на снимката, а немаки ниту објаснување и за контекстот.







Можеби ќе ве интересира

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство се грижеше како за свои деца“

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство се грижеше како за свои деца“

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски за малиот број гласови на Стевчо

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски за малиот број гласови на Стевчо

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?