06 Мај, 2024
0.0234

Вицепремиерот Анѓушев: Реформите во енергетиката се потребни и силно ќе работиме на нивна реализација

Објавено во: Економија 11 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, д-р Кочо Анѓушев, учествуваше на неформалниот состанок на министри за енергетика, индустрија и трговија кој се одржа во градчето Дурштајн во Република Австрија.

Неформалниот состанок на министри за енергетика, индустрија и трговија се одржа на иницијатива на Еврокомесарот за добрососедска политика и преговори за проширување, Н.Е. г. Јоханес Хан и директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница г. Јанез Копач.

Главна тема на состанокот беше измената и дополната на Договорот за Енергетска заедница, во чие креирање Република Македонија активно учествува. Измените во Договорот за Енергетска заедница се однесуваат на одредби со кои се поттикнува повисок степен на имплементација на европското законодавство во земјите потписнички на Договорот, како и  на дефинирање на правилата за соработка помеѓу земјите потписнички на Договорот.

Вицепремиерот Анѓушев за време на своето обраќање пред присутните потенцираше дека Владата на Република Македонија ќе го вложи сиот потенцијал и капацитет за спроведувањето на реформите во енергетскиот сектор, како еден важен чекор кон доближување до преговорите за членство во Европската Унија.

- Енергетската заедница е во право кога вели дека Македонија е една од земјите, којашто има најмногу неусогласености на домашното законодавство со Договорот за енергетска заедница, а токму поради тоа и ја оценува нашата земја како последна во регионот во однос на спроведување на реформи во енергетскиот сектор. Неколку години реформите во енергетиката се замрзнати, нашата работа ја започнуваме како последни во регионот, но верувам дека тоа ќе го смениме и ќе го фатиме чекорот со другите земји од Западен Балкан. Ќе работиме посветено, професионално и одговорно, со цел да ги забрзаме реформите во енергетскиот сектор, посочи Анѓушев.

Анѓушев дополни дека владата интензивно ќе работи на нов закон за енергетика во кој би биле имплементирани одредби за третиот пакет на либерализација на пазарот за гас и електрична енергија. Воедно ќе се работи и на нов Закон за енергетска ефикасност преку кој ќе се изврши усогласување со Директивите за Енергетска ефикасност и Енергетски перформанси на објектите.

Можеби ќе ве интересира

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?