(ВИДЕО) АНКАРА: Вакви поплави има еднаш во 500 години
Објавено во: Балкан 05 Мај, 2018
Дел од Анкара беше зафатен од голема поплава при што шест лица се повредени, а улиците се претворени во реки.
„Тоа беше природна катастрофа. Никој не го загуби животот, но шест лица се повредени и предизвикана е голема материјална штета“ – изјави градоначалникот на Анкара, Мусафа Туна.
Поплавата го погоди округот Мамак, во источниот дел од градот.
Телевизиските канали емитуваа снимки од калливите бранови вода, кои ги фрлаа атомобилите. Градоначалникот на Анкара рекол дека ниту еден жител на градот не се смета за исчезнат.
„Тоа е појава која се случува еднаш на 500 години“ – изјавил Туна.
Во Истанбул минатата недела два пати се случија поплави за време на летото кои го парализираа градот. Владата тогаш спомена дека тоа се невообичаени појави за тој период од годината и дека можно е причината за таквите појави да се глобалните климатски промени.