Видео: Асад од руска база си дојде нечепнат на работа
Објавено во: Свет 14 Април, 2018
Сирискиот претседател Башр ал Асад без никакви последици од ноќниот ракетен напад врз Дамаск пристигна на неговото работно место во претседателската палата во Дамаск.
Сириските државни медиуми ја пренесоа снимката од Асад во обид да докажат дека предводникот на режимот не е повреден ниту настрадан во вчерашните силни, но контролирани воздушни напади на САД помогнати од сојузниците Франција и Велика Британија.
Исто така се верува дека Башр ал Асад бил пренесен на безбедна локација во руска база која била силно обезбедувана, па така било каква можност за негова елиминација со нападите била исклучена.
САД тврди дека неодамнешниот хемиски напад во Гута бил нарачан и изведен од страна на воени сили под контрола на Асад и токму затоа е наредена оваа воена интервенција со цел да се спречи хемиското оружје на Сирија.