(ВИДЕО) Бездомник за својата хуманост во Манчестер награден со покрив над глава
Објавено во: Свет 25 Мај, 2017
Бездомникот Стивен Џонс кој спиел во близина на арената во Манчестер, каде се случи терористичкиот напад му помогна на едно девојче да ги извлече шајките од лицето.
По овој хуман гест граѓаните одлучија да му се оддолжат така што што му изнајмија куќа.
„Имаше многу деца кои беа покриени со крв, тие плачеа и врескаа. Моравме да извлекуваме шајки од нивните раце, а неколку и од лицето на девојчето“- изјави Стивен.
Неговиот херојски потфат го привлече вниманието на Дејвид Саливен, кој заедно со неговиот син се ангажирал да го пронајде триесет и пет годишниот херој и да го награди.
Дејвид Саливен Џуниор напиша на Твитер дека тој и неговиот татко би сакале на бездомникот од Манчестер да му изнајмат куќа на шест месеци, како и да му помогнат да „застане на нозе.“
Тој напиша и дека секоја помош да се најде овој човек е добредојдена.
Исто така, отворена е веб-страница каде што луѓето можат да уплатат пари за овој човек и досега e собрана висока сума на пари.