(ВИДЕО) Богоев: Карпош има стабилизациски Буџет со развојни проекти
Објавено во: Македонија 18 Јануари, 2018
Општина Карпош има Буџет со стабилизациски карактер. Целта е да заштедиме, да имаме домаќински пристап, а од друга страна да реализираме дел од ветените капитални и развојни проекти, вели градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев.
Богоев вели дека за 2018 година се предвидуваат:
-Подготвителни активности за големиот Парк; -Три целосно реконструирани градинки; -Еден реонски базен и современа фитнес зона; -Два еко паркинзи; -Субвенции за купување на велосипеди.
Меѓу останатото Богоев посочува дека се работи на зелена општина и нејзина планска урбанизација а приоритет се вистинските потреби на граѓаните, квалитетно образование за младите, достоинствен и мирен живот за сите граѓани.
Целото интервју погледнете го во видеото во прилог: