(ВИДЕО) БОМБИ ВРЗ ЏИХАДИСТИТЕ: Вака изгледа гранатирањето на терористичките засолништа на ИСИС!
Објавено во: Свет 24 Февруари, 2017
Ирачката војска изјави дека го заземала аеродромот во Мосул, кој дотогаш го држеа џихадистите на Исламска држава.
Видеото прикажува како ирачките сили фрлаат бомби од воздух на, како се наведува, позиции на џихадистите во близина на аеродромот.
На снимката може да се види селото Албу Саиф, само неколку километри од аеродромот.
Уште од протерувањето на припадниците на ИСИС од источен Мосул минатиот месец, ирачките сили се обидувале да го освојат аеродромот и воената база во јужните делови на Мосул.