(ВИДЕО) Британија доби нов премиер - зошто оваа вест ги радува Турците?
Објавено во: Свет 24 Јули, 2019
Kралицата Елизабета Втора му го даде мандатот за состав на Влада на Борис Џонсон, кратко откако Тереза Меј ја поднесе оставката во Бакингемската палата.
Поранешниот новинар и уредник Борис Џонсон денес и официјално ја презема премиерската фотеља.
Меј се повлече од челната позиција на Конзервативната парија и на владата, откако не успеа да добие зелено светло од Парламентот за нејзиниот договор со Брисел за излез на Велика Британија од ЕУ.
Претставници на ЕУ посочија дека нема да прифатат значителни измени на Договорот за излез на Британија од Унијата, по што Џонсон најави дека земјата ќе ја напушти ЕУ на 31 октомври, со или без договор.
Контроверзниот Џонсон во трката за лидер на Конзервативната партија по победи Џереми Хант.
Џонсон ќе стане 14-тиот премиер за време на 67-годишното владеење на 93-годишната кралица.Турција слави затоа што британски премиер стана Борис Џонсон, правнукот на последниот османлиски министер за внатрешни работи, а локалните медиуми и политичари дека тој факт би можел да ги зајакне односите меѓу двете држави.