Видео: Чеченскиот миленик на Путин го тестираше напаѓачкото „баги“
Објавено во: Свет 05 Март, 2017
Чеченскиот лидер Разман Кадиров кој е еден од најголемите миленици на рускиот претседател Владимир Путин го тестираше новото воено напаѓачко „баги“ Чаборз М-3 кое е произведено од Чеченавто.
Кадиров посочи дека ова „баги“ може да го користи сириската армија во борбата со исламските џихадисти во тешко пристапните планински предели.
Багито може да превезува тројца војници како и товар од 250 килограми што го прави многу ефикасно за брзи напади и специјални операции, а е изработено според стандардите на Руското министерство за одбрана.