26 Април, 2024
0.0272

(ВИДЕО) Човек се спаси од напад на алигатор - ги ставил рацете во неговата уста и го оттурнал

Објавено во: Свет 19 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Човек на Флорида доживеа хорор откако го нападна алигатор, но се спаси и вели дека тоа е чудо. 

Алигатор долг 3,65 метри го нападнал пожарникарот Хуан Карлос Ла Верде (34) во езеро во градот Тампа. Ѕверот го нападнал Ла Верде додека тренирал за триатлон. 

Искусниот триатлонец успеал да ги стави рацете во устата на алигаторот, го отттурнал од главата и градите и допливал назад до пристаништето каде што самиот се јавил на 911. Потоа случаен минувач го однел во болница.

Повредите што му ги нанел влекачот биле толку тешки што на Ла Верде му била извршена итна шестчасовна операција за реконструкција на дел од черепот и вилицата, според страницата GoFundMe на која се собираат пари за неговото лекување. Според извештаите, се очекува тој да биде подложен на уште најмалку една операција на черепот.

„Замавнав со десната рака и почувствував заби. Мислам дека веднаш се обидов да му ја отворам устата. Кога ги почувствував забите, веднаш знаев. Кога ги отворив, знам дека го свртев него или тој ме сврте мене. Сепак, тој беше збунет, исто како и јас, а потоа само ме пушти“, изјави Ла Верде, поранешен член на еден од спасувачките одреди на Военото воздухопловство на САД.

Ла Верде за ABC news објасни како се бранел.


Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек