(ВИДЕО) ЧУДО ОД ЧОВЕК: На снег се шета со летна облека
Објавено во: Балкан 01 Март, 2018
Иако температурата била -14 степени, тоа не го обесхрабрило Башко Андриќ, наречен Витез, да прошета низ градот облечен само во маица и кратки панталони.
Прошетал покрај витешката продавница и ги шокирал сите присутни. Многумина помислиле дека станува збор за болен човек, пишуваат босанските медиуми.
Блашко вели дека тоа е неговиот стил на живот, без оглед на ниските температури. Тој пешачи скоро гол на студено време 10 до 15 километри дневно.
Раскажува дека имунитетот во зима го стекнал кога испешачил 25 километри на температура од – 31 степен Целзиусов. Кога стигнал дома се избањал со студена вода и никогаш повеќе не почувствувал студ.
Иако многумина мислат дека не е нормален, а Блашко вели дека и тој мисли така за нив.