Видео: CNN прекина дебата откако гостин го употреби зборот „нигер“
Објавено во: Свет 23 Ноември, 2016
Водителката Брук Болдвин мораше да прекине ТВ дебата на CNN откако еден од гостите го употреби навредливиот збор за афроамериканците.
Станува збор за Чарлс Кајсер автор и блогер кој го нападна Стив Банон, еден од главните стратези на Доналд Трамп за транзицијата во Белата куќа. Кајсер спомна дека Банон го користел терминот „нигер“, велејќи дека Трамп е опкружен со луѓе кои се бели супрематисти и расисти кои ги мразат црнците.
Секако, водителката не можеше да го продолжи интервјуто бидејќи беше шокирана и ја прекина дебатата. Болдвин посочи дека не може да се потврди дали навистина Банон го искористел „н“ терминот и не во ред да се користат такви зборови во емисија во живо.