(ВИДЕО) ДЕЖАВУ: Поплавени куќи, солзи кај мештаните, прогласена елементарна непогода во Бања Лука
Објавено во: Балкан 14 Мај, 2019
Во Босна и
Херцеговина наврна голема количина на дожд, посебно на некои места од земјата,
кадешто се поплавени голем број на куќи и полиња. Во Бања Лука е прогласена и елементарна непогода. Во некои места од земјата е откажана и наставата, а дел од патиштата се и одсечени, односно се под вода. Селаните останале будни цела
ноќ и се бореле со огромната количина на вода, соопштуваат медиумите од
регионот.
Пред пет години на истото место Сански мост во Босна и Херцеговина гледката била речиси иста. Местото се наоѓа близу Бања Лука, таму сите куќи се поплавени, мештаните по пет години со истата мака.
Ферид Цериќ е мештанин на оваа место и неговата куќа е поплавена. Сликата како што вели тој, за него е тотално дежаву. Истото го снашло и пред пет години, раскажува низ солзи жителот за репортер на српски медиум.
Во Сански Мост во вчера беше прогласена состојба на природна катастрофа, а метеоролозите за денес најавуваат нови врнежи.Видео Dnevni avaz
Фото Tanjug