(ВИДЕО) ДРАМАТИЧНА ЕКСПЛОЗИЈА НА ОГНОМЕТОТ ВО НОВИ САД: Повреден маж во животна опасност!
Објавено во: Балкан 01 Јануари, 2018
Еден странски државјанин е тешко повреден во текот на новогодишниот огномет во Нови Сад.
Повреден е М.К. кој е во животна опасност и се наоѓа на Интензивна нега, пренесоа српски медиуми.
„Во прашање се длабоки изгореници од 15 отсто по поголем дел од телото настанати поради огнометот. Повредениот е под постојан надзор на лекарите“, пиѓуваат медиумите.
До инцидент дошло непосредно по полноќ во строгиот центар на градот при исфрлање на огнометот кој е активиран на кровот на трговскиот центар „Базар“. Таму се наоѓа и еден ноќен клуб кој бил преполн со гости во новогодишната ноќ.
Медиуми брифираат дека е можно повреденот да е Мајк Нокс кој што е еден од дизајнерите на огнометот .
Vatromet... pic.twitter.com/wSTPdpJbD4
— Drustvene mreze (@drustvenidrug) January 1, 2018