(ВИДЕО) Драматично: Вулканот на Бали се разбуди после половина век, се заканува невидена ерупција!
Објавено во: Свет 27 Ноември, 2017
Локалните власти на индонезискиот остров Бали издадоа максимално предупредување поради активноста на вулканот Агунг кој со денови исфрла пепел и наложилe евакуација на околу 100 000 луѓе.
„Степенот на предупредување е подигнат на највисоко ниво“, соопшти националниот центар за вулкани и додал дека се почувствувале потресите на планината Агунг, додека вулканот исфрла пепел до 4 000 метри височина.
Околу 40 000 жители се евакуирани од вторникот кога се зголемени активностите на вулканот, но властите наведуваат дека е зголемена зоната која би била потенцијално загрозена поради што се евакуирани околу 100 000 луѓе.
Меѓународниот аеродром на Бали, низ кој поминуваат неколку милиони туристи годишно е затворен од претпазливост.
Агунг, на околу 75 км од туристичиот град Кута, е активен од август.