06 Мај, 2024
0.0228

(ВИДЕО) Два силни земјотреси ја погодија Централна Италија: Луѓето стравуваат да не се повтори Аматриче!

Објавено во: Свет 26 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала ја потресе вечерва централна Италија. Ова се случува само два месеци откако во силен земјотрес загинаа приближно 300 лица и беа потрупани со земја неколку мали гратчиња, пренесе Ројтерс. Подоцна беше регистриран втор силен земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала.

Според првичните информации две лица се повредени.

Геофизичкиот институт на САД првично ја одреди силата на потресот од 5,6, но подоцна ја промени на 5,4. Земјотресот е регистриран на длабочина 9 километри на границата меѓу областите Марке и Умбра. Епицентарот е во општината Кастелсантанджело Сул Нера со население 318 лица.

По првиот следеа уште три последователни потреси на длабочина 8 километри со интензитет соодветно 2,6, 2,5 и 2,8 степени според Рихтеровата скала.

Во епицентарот на потресот има штета, но нема податоци за жртви. Градоначалникот на Кастелсантаджело Сул Нера изјави дека во гратчето нема струја и жителите се во очекување на Цивилната заштита.

Потресот е почувствуван во Рим, Лакуила, Перуџа, Фиренца и Неапол, а на голем број места е прекината струјата. Многу жители на Рим излегоа на улиците, но нема податоци за настрадани граѓани и згради.

Во Аматриче - гратчето кое настрада најмногу сериозно при претходниот земјотрес, овој потрес исто така бил почувствуван. Според сеизмолозите има директна врска помеѓу двата потреси.


Можеби ќе ве интересира

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина