Видео: Ефектот на мачо премиерот Џастин Трудо
Објавено во: Свет 05 Март, 2017
Канадскиот премиер Џастин Трудо за прв пат ги засенува американските политичира според популарноста во Северна Америка, а таблоидните медиуми тоа го препишуваат на неговиот атрактивен изглед.
Џастин е син на Пјер Трудо еден од најпочитуваните премиери во историјата на Канада, па малкумина веруваа дека може да ги следи неговите стапки, особено во помладите години кога често беше на насловните страни.
Сега Џастин се чини дека доволно созреал како личност, но и како политичар од Либералната партија внесувајќи голема свежина во Канада навраќајки се на препознатливите вредности како толеранција и рамноправност. Во продолжение погледнете ги и познатиот Трудо ефект на шармирање.