(ВИДЕО) Еве како е да се сурфа на бран од 25 метри
Објавено во: Свет 30 Април, 2018
Сурферот Родриго Кока од Бразил го урна светскиот рекорд според големината на бранот на кој сурфал во централна Португалија.
38-годишниот Бразилец од Сао Пауло постигнал нов светски рекорд со сурфање на „водно чудовиште“ високо околу 80 стапки или 24,38 метри. Рекордот е соборен на натпреварот одржан на 7 ноември 2017 година.
Оваа информација ја соопшти Светската лига на сурфери, инаку организатор на натпреварувањето на кое е поставен рекордот.