06 Мај, 2024
0.0239

(ВИДЕО-ФОТО) Пензионери стар трамвај претвориле во топол дом: А внатрешноста ќе ве воодушеви!

Објавено во: Стил 15 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Кога погледнеме ѓубре, јасно ни е дека тоа се неупотребливи делови од се и сешто. Но, некои сепак и од тоа видат добар материјал за понатамошна обработка.

Ние секогаш сме подготвени да купуваме нови работи откако ги фрлиме постоечките, но Мери и Герхард Рингел дефинитивно се луѓе со нешто поинаква визија.

Имено, купиле стар трамвајски вагон кој не бил ниту малку привлечен. Ги засукале ракавите и одлучиле да го трансформираат. Својата фантазија ја претвориле во реалност. Резултатот ќе ве воодушеви.

По купувањето, куќата била неудобна, и било незамисливо дека од неа може да се направи било што.

Со многу љубов и стрпение, овој пар успеал да ја претвори во своја куќа од соништата.

Преку прозорците допира доста светлина.

Свежите и весели бои просторот го прават простран и топол. Кујната е толку гостопримлива. Купатилото изгледа како глетка од најпознатите магазини.

На овие луѓе, кои веќе се пензионирани, сигурно нема да им биде досадно никогаш.