(ВИДЕО-ГАЛЕРИЈА) Се гради најголемиот хотел на светот
Објавено во: Стил 22 Декември, 2014 16:07
Мегахотелот кој ќе се гради во австралискиот град Кернс ќе нуди 7500 соби за коцкарите ширум светот, пишуваат денеска локалните медиуми.
Aquis Great Barrier Reef би требало да биде најголемиот хотел на светот и таа титула треба да му ја превземе на московскиот хотел „Измаилово“ кој исто така има 7500 соби, но помалку останати содржини за гостите.
Голем ресорт со казино ќе се изгради на земјиште од 314 хектари северно од Кернс, близу до Големиот корален гребен, во еден од најтоплите делови на крајбрежна Австралија.
Проектот вклучува неколку згради, казино и голем аквариум, наведуваат медиумите.
На овој линк може да погледнете подетално за хотелот.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:









