(ВИДЕО) Град со големина на орев паѓаше во Нови Пазар
Објавено во: Балкан 05 Мај, 2018
Силно невреме го зафати Нови Пазар во Србија, каде паѓаше град со големина на орев.
Неколку села во Србија вчера беа зафатени од силно невреме и град. Направени се штети на посевите.
Оштетени се и автомобили во градовите.
Инаку утре и во понеделник ќе биде особено нестабилно со пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер.
Процесите ќе бидат поинтензивни на запад и на југ, каде што ќе има и почеста појава на град. Во вторник и среда ќе биде малку посвежо со повремени врнежи од дожд претежно во попладневните часови, а условите за нестабилност ќе бидат помали.