04 Мај, 2024
0.0250

(ВИДЕО) ГРЦИТЕ УЖИВАА НА ПЛАЖА: Во јануари измерени 28 степени

Објавено во: Балкан 11 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Топол бран ја зафати Грција, а луѓето уживаа на плажа. 

Температурата се искачи на 28 Целзиусови степени.  Како што објави Атинската национална опсерваторија, температурата во Ханија, на јужниот остров Крит, достигнала 28,3 степени околу пладне, и тоа е една од највисоките јануарски температури во последните педесет години. Типичната температура во овој период од годината во Грција е околу 15 степени. Во Атина, каде температурите достигнаа 22 степени, луѓето се упатија кон плажите и плоштадите и во парковите. Топлиот ветар од Африка донесе многу прашина заедно со необичната топлина. Температурите во Грција се очекува да бидат високи до среда. Полицијата патролираше обидувајќи се да спречи поголеми групирања на луѓето. Грција е ставена во карантин од почетокот на ноември, а властите се обидуваат да го избегнат третиот бран на пандемијата по прославата на Божик и Нова година.  Над 4.000 од вкупно 5.263 смртни случаи за време на епидемијата во Грција се случија во изминатите два месеци.

Летово ќе одиме на одмор во Грција, ама се ќе зависи од процесот на вакцинација.

Грчкиот министер за туризам Харис Теохарис во интервју за Прототема ги соопшти правилата за патување за време на пандемија под нови околности создадени од вакцината против Ковид-19. Министерот рече дека ќе има две категории патници - оние кои биле вакцинирани и тие кои не се. Имено вакцинираните повеќе нема да треба да бидат тестирани или ставани во карантин туку по пристигнување само ќе треба да покажат документ за вакцинација. 


Можеби ќе ве интересира

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни