(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома
Објавено во: Македонија 25 Април, 2024
Сега земете го куферот и одете дома, изјави вицепремиерот и министер за политички систем од ДУИ, Артан Груби кој утрово се појави на прес-конференција пред Општина Чаир со куфер и на албанската опозиција порача да ги депонира оставките.
„Толку е мал куферот, оти работата им е мала, но како што рече и Скендер Реџепи-Зејди, нека си го одржат зборот еднаш во животот и нека си дадат оставка како што кажаа, нека станат мажи, нека си го одржат зборот, нека го земат овој куфер, ние им оставаме бакшиш и нека си одат дома“, рече Груби.
Симпатизерите на ДУИ славеа победа пред Изборниот штаб на противкандидатот Арбен Таравари.
По прозивките за оставка, градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу му врати на Артан Груби.
„Артан, терапијата ти ја препиша доктор Арбен, ќе ја примиш на 8 мај’, му порача на социјалните мрежи Ганиу на Груби.
На 8 мај е вториот круг од претседателските избори, а истиот ден граѓаните ќе гласаат и на парламентарните избори.
фото принтскрин