ВИДЕО: Илјадници домови под вода во Британија
Објавено во: Свет 22 Ноември, 2016
Илјадници домови се поплавени поради пороен дожд во Велика Британија.
Поројните дождови во Велика Британија предизвикаа поплави. Најтешко е погоден градот Бристол и областа околу него, каде под вода останаа стотици автомобили, а патиштата се затворени.
На места во југозападна Англија паднаа до 60 литри дожд на метар квадратен. Надојдената вода го блокира транспортот во регионот и поплавени се илјадници домови. Во цела Западна Европа и во Средна Европа беснеат и силни ветрови, кои ги искоренија дрвјата и однесоа покриви и лесни градби.
Силните налетите предизвикаа и паника кај патници во авиони.