ВИДЕО: Има шест години, прави сладолед и фб му плаќа 2000 долари
Објавено во: Стил 30 Јуни, 2016
Еден шестгодишник стана познат поради своите рецепти кои ги објавува на Јутуб и затоа Фејсбук му дава 2000 долари за авторски права.
Малиот Нихал Раџ од Индија почнал да готви кога имал 4 години, а инспирација добил од мајка му која е професионален пекар. Тој направил свој блог за готвење, а од 2015 година ги објавува рецептите на Јутуб.
За снимката „Мики Маус манго сладолед“ Фејсбук му го откупи правата.
Тој е фокусиран на едноставни рецепти кои се прават со неколку намирници.
„Тој сепак не е професионалец“ - рече татко му во една прилика.
Видеата прво ги снимал со телефон, а потоа и со професионална камера, но води сметка на снимање да не троши повеќе од два часа неделно.
[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/wX1zAC1W-LQ[/embed]