26 Април, 2024
0.0445

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕРУСАЛИМ: Макрон избрка израелски полицајци

Објавено во: Свет 22 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Францускиот претседател  Емануел Макрон побара денес од израелските полицајци да го пуштат во црквата Света Ана во Ерусалим. Тоа личеше на инцидентот кој се случи во 1996 година, при посетата на тогашниот француски преседател Жак Ширак.

Порача дека тоа е Франција и дека секој мора да ги почитува правилата. 

„Излезете надвор ве молам, никој не би требало да провоцира никого, дали е тоа јасно?“, кажа Макрон на англиски јазик.

Пред пристигнувањето на Макрон се судрија членови на француската група одговорна за неговата безбедност и припадниците на израелските сили за безбедност кои сакале да влезат во храмот, соопштија новинарите.

Макрон денеска во Ерусалим изјави дека негирањето на правото на постоење на Израел како држава е нова форма на антисемитизам, пренесоа француските медиуми. 

Тој се наоѓа во Ерусалим за одбележувањето на 75-годишнината од ослободувањето на нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц.

Претходно Макрон разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и со претседателот Ревен Ривлин, кој ги поздрави напорите на Франција во борбата против антисемитизмот, вклучувајќи ја и неодамнешната резолуција.

Базиликата Света Ана ја подигнале крстоносците во 12 век и Отоманското царство ѝ ја понудило на Франција во 1856 година како една од четирите француски територии во Ерусалим. Макрон во Ерусалим учествува на петтиот Светски форум за Холокаустот, што се одржува денеска и утре.


Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек