04 Мај, 2024
0.0256

(ВИДЕО) Индиец постави рекорд за пишување со нос на компјутер!

Објавено во: Стил 30 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

23-годишниот индиец Мохамед Хуршед Хусаин постави нов рекорд за пишување на компјутер со нос. Тој успеал да напише реченици од 103 букви  за 47,44 секунди.

Додека го поставуваше рекордот, рацете му биле врзани зад грб. Тој напишал:„Гинисовата книга на рекорди ме предизвика да ја напишам оваа реченица со нос за најкратко време“.

 Резултатот доаѓа после 6-часа тренирање секој ден за време на 3 години.

„Ако сакаш да поставиш гинисов рекорд, секоја милисекунда е од значење. Овој пат, додека пишував, едното око ми беше затворено, инаку ми е тепко да ги наоѓам копчњата на тастатурата“, рекол рекордерот.

Ова е вториот светски рекорд на Мохамед, првиот е за најбрзо пишување на англиската азбука со прсти. Тој успеал да го направи тоа за 3,43 секунди.