Видео: Како одговори антиракетната одбрана на Сирија на проектилите?
Објавено во: Свет 14 Април, 2018
Координираниот воздушен напад на САД, Франција и Велика Британија по наредба на американскот претседател Доналд Трамп, имаше ограничен обем но, доста голема сериозност во егзекуцијата со наведувани Томахавк проектили.
Токму овој ангажман беше оспорен од Русија која дури и се закануваше дека може самата да се активира со сопствените противракетни системи и воени средства за да ги урне американските проектили, но при ноќниот напад на Дамаск беше користена претежно домашната сириска противракетна одбрана.
Според првичните информации со кои располаат руските медиуми, сириските антиракетни системи успеале да пресретна околу една третина од вчера активираните проектили на Америка.