(ВИДЕО) Кавга меѓу Апасиев и Талат Џафери во Собранието
Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2020
Во Собранието денеска имаше жестока расправија меѓу пратеникот од Левица, Димитар Апасиев и спикерот Талат Џафери.
Пратеникот побара да му дадат 10 минути за да зборува, но Џафери одби.
Апасиев му рече да не го злоупотребува трпението на народот.
„Ова не е процедурално обраќање. Не ми го исклучувај микрофонот, дај ми 10 минути“, рече Апасиев.
Откако се упати кон своето место, Џафери го предупреди Апасиев, по што пратеникот од се врати да се дообјасни со собранискиот претседател.
Џафери му рече на Апасиев да не тропа по масата додека тој е спикер.
Апасиев се повика на член 70 став 2 од Деловникот според кој му се овозможува 10 минутно обраќање пред пратениците, додека Џафери го читаше членот 77 став 2, според кој 3 минути е времето за обраќање на пратеникот од говорницата.