(ВИДЕО) Ќе се евакуираат станари од зградата во Кисела Вода
Објавено во: Македонија 10 Јуни, 2019
Ќе се евакуираат станарите од станот кој гори во скопската населба Кисела Вода.
Скала е поставена кон станот од каде се шири чад.
Пожарникари се борат со огнената стихија. Улицата е блокирана. Голем број луѓе се собрани на местото на настанот и следат што се случува. Глетката е страотна. Почна да врне, а има и фреквенција на возила на брзата помош.