Видео: Која е мистериозната жена на Путин во црвено
Објавено во: Свет 14 Јули, 2017
Рускиот претседател Владимир Путин возејќи кон еден манастир е „фатен“ како отвара врата од автомобилот на мистериозна дама во црвен фустан. Сепак, брзо ги забележа камерите околу и доби сигнал од неа да ја затвори вратата.
Повеќето руски медиуми ја цензурираа оваа снимка и не ја прикажаа во телевизиските извештаи, но независните ТВ станици посочуваат дека таа е можеби неговата нова девојка или пак долгогодишната придружничка Алина Кабајева со која беше во врска по разводот со сопругата Људмила.