Колинда заплака во Москва по натпреварот
Објавено во: Балкан 15 Јули, 2018
Хрватската претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ не успеа да ги задржи солзите по поразот на Хрватска на светското фудбалско првенство во Москва.
Грабар Китаровиќ навиваше во ВИП-ложата каде беше во друштво со рускиот претседател, Владимир Путин и францускиот колега, Емануел Макрон.
Таа заплака кога Лука Модриќ дојде да ја прими наградата за најдобар фудбалер на Мундијалот.