(ВИДЕО) Макрон се обрати на српски во Белград

Објавено во: Свет 15 Јули, 2019
Францускиот претседател, Емануел Макрон се обрати на српски јазик на Калемегдан при денешната посета на Србија.
„Господине претседателе, драги Белграѓани кои дојдовте во голем број ви благодарам на извонредниот дочек! Време е да кажам во име на својата земја Франција ве сака, како што ја сакавте вие нејзе. Франција никогаш нема да го заборави жртвувањето на српскиот народ, крвта која заедно ја пролеавме, солзите на мајките, прогонот, непресушната болка. Франција знае дека судбината на Европа е испишана на ова тво, заедно се боревме на солунскиот фронт. Мораме да изградиме мир, длабоко верувам дека Србија е во Европа и дека Европа не може без Србија во нејзе“, изјави Макрон.
Макрон го повтори ставот дека Европската Унија треба да се реформира за да ја прими Србија. Вели дека ЕУ треба да се реформира за да биде подготвена да ја прими Србија.
Тој е во дводневна посета на Србија.Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Покрај редовниот бонус, овој шеф ги израдува вработените со плус 10 милиони за празниците

УШТЕ СЕ ТРАГА ПО ЛУЃЕТО: Шест луѓе загинаа при ерупцијата на Нов Зеланд

УШТЕ ЕДНА КАТАСТРОФА: Силен земјотрес го стресе Нов Зеланд

(ВИДЕО) Франција на нозе против Макрон: Штрајкови поради новата пензиска реформа

Убиецот од болницата во Острава се самоуби пред да го фати полицијата

(ВИДЕО) НОВ ЗЕЛАНД УШТЕ ВО ШОК: Ерупцијата на вулканот како катастрофа во Чернобил
