(ВИДЕО) Мицкоски ја пее „Едно име имаме“
Објавено во: Македонија 22 Декември, 2018
Видео: Канал 5
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го допеа рефренот на песната „Едно име имаме“ кое денеска се пееше спонтано на антивладиниот протест на опозицијата во Прилеп.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека нивниот кандидат ќе победи на следните претседателски избори, а потоа најави и триумф на предвремени парламентарни избори. Побара оставка од министрите Оливер Спасовски и Никола Димитров, повлекување на одлуката за зголемување на даноците и да се почитува неизлезноста на референдумот на 30 септември
Побара и да престане, како што рече тој, и аферите со прислушкување како и поефикасни мерки за чист воздух.