03 Мај, 2024
0.0248

(ВИДЕО) МУГАБЕ ВО ДОМАШЕН ПРИТВОР: Eве што се случува во Зимбабве

Објавено во: Свет 15 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

93-годишниот претседател на Зимбабве Роберт Мугабе, најстариот светски лидер, е во домашен притвор во својот дом во Хараре. Јавноста за ова ја информираше јужноафриканскиот претседател Џејкоб Зума.

Војската ја презеде контролата во Зимбабве, но тврди дека не станува збор за државен удар и дека Мугабе е на безбедно. 

„Мугабе е во притвор во својот дом, но е добро“- вели  Зума, кој разговарал по телефон со претседателот кој со Зимбабве владее речиси четири децении.

Зума додаде дека како претседател на Јужноафриканската заедница за развој (САДЦ) испраќа двајца специјални претставници во Зимбабве, својот министер за одбрана и министерот за државна безбедност, за да се сретнат со Мугабе и претставници на војската.

Војската на Зимбабве ја презема власта рано утринава заземајќи ги кабинетот на Мугабе, парламентот, аеродромот и државната телевизија.

Војската се вмеша поради чистката на Мугабе на воените ветерани во владејачката партија.

Тој минатата недела го смени својот потпретседател Емерсон Мнангагва, кој се смета за негов најверојатен наследник и кој ја има поддршката од ветераните. Се закани и дека ќе смени над 100 функционери кои се поврзани со него. Тој власта сака да ѝ ја предаде на својата сопруга Грејс Мугабе (52), која е поддржана од младината на владејачката партија.

Европската Унија изрази загриженост околу ситуацијата во Зимбабве, а САД и Вели Британија им советуваа на своите граѓани во таа земја да останат дома.


Можеби ќе ве интересира

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место