(ВИДЕО) Нападнат конвој со цивили во Сирија
Објавено во: Свет 15 Април, 2017
Повеќе од 22 луѓе загинаа кога автомобил-бомба ги погодил автобусите со кои се евакуирале жителите од сириските градови кои се под опсада на бунтовниците, објавија сириските медиуми.
Опозициска набљудувачка група соопшти дека во експлозијата во близина на Алепо загинале 24 луѓе, а медиуми поврзани со Хезболах пренесоа дека нападот го извршил бомбаш-самоубиец. Владините медиуми објавија фотографии по нападот на кои се гледаат расфрлани тела, оган и чад. Со автобусите се превезуваа илјадници шиити кои ја поддржуваат владата на претседателот Башар ал-Асад. Тие се евакуирани во Алепо од соседните села долж линијата на фронтот меѓу владините сили и бунтовничките групи.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.