04 Мај, 2024
0.0250

(ВИДЕО) Научете правилно да одите, но и да паѓате на мраз и не плашете се од кршење на коски!

Објавено во: Стил 30 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Со оглед на временските услови,  односно голомразицата и температурните минуси, опасноста од паѓање и кршење на коските демнее на секој чекор. Најдобро ќе се заштитите доколку научите како правилно да одите по лед или во краен случај - како правилно да паднете.

Одете како пингвин

Британскиот авантурист Давид Хемплеман - Адамс цело време поминува на снег, па пешачејќи стигнал до Јужниот и Северниот пол, а ги освоил и сите највисоки врвови на светот. Неговиот совет е да погледнете околу себе и да проучите како животинскиот свет се прилагодил на одредени услови.

„Имитирајте ги пингвините. На лизгачки снег и мраз одете со мали чекори, а телесната тежина мора да биде најдобро распоредена по целата површина на стапалата“, препорачува Давид.

„Доколку снегот е мек и свеж, одете по туѓите отисоци на стапала.Ако станува збор за длабок снег, одете така што прво ќе ги спуштите петите на тло, а потоа прстите. Така ќе спречите нозете да ви клизаат“, додал тој.

Проценете за каков снег се работи

Се повеќе пациенти се јавуваат во болниците и амбулантите во деновите откако снегот нападна. Проблемот настанува кога снегот почнува да се топи, а водата се замрзнува. Проблемот е уште поголем ако на таа ледена подлога падне уште снег па луѓето одат несвесни дека најдолу е и опасноста која им се заканува.

Облека

Освен добар ѓон, треба да обратите внимание и на стабилноста на зглобовите бидејќи ако зглобот не е заштитен лесно може да дојде до исчешување.

Како да паднете?

Секако мора да ја земете предвид вашата старосна граница, а во согласно со тоа е кревкоста на коските. Игнорирајте го инстинктот и паднете како професионалец.

Луѓето од постарата животна граница мора да ги избегнуваат паѓањата на колковите и коските кај бутот, а тоа ќе се избегне доколку се заштитите со рацете. Иако тогаш постои опасност од пукање или исчашување на рака, таквите повреди се далеку полесни од оние во долниот дел на телото.

Задолжително треба да се обидете да избегнете удари со глава или вратот.

Погледнете го и видеото за ви стане појасно!