ВИДЕО: Немири на Косово: Албанци не даваат Србите да слават Богородица во Мушутиште
Објавено во: Балкан 28 Август, 2016
Косовски Албанци од селото Мушутиште денеска се судрија со полицијата и го блокираа патот каде требаше да поминат протераните Срби.
[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/LB8UEFYnKeE[/embed]Полицијата успеа да ослободи една сообраќајна лента и премин кон црквата на Пресвета Богородица. Специјални сили интервенираа за да ги принудат Албанците што се собраа да ја тргнат блокадата, но за таа цел употреби солзавец и палки, а неколку лица се уапсени.
Околу 150 раселени Срби се наоѓаат во три автобуси и чекаат да се создадат услови за безбедност за да го продолжат патот кон Мушутиште, а меѓу нив е и министерот за враќање, Далибор Јевтиќ.
„Се повторува Ѓаковица, некој го користи истиот рецепт и на тој начин се испраќа порака дека Србите не се добредојдени”- вели Јевтиќ.
Албанците преку социјалните мрежи претходниот ден ги повикаа луѓето од Сува Река и околните села да го спречат доаѓањето на Србите во Мушитиште.
Policia hedh sprej lotsjellës ndaj protestuesve Posted by Koha.net on сабота, 27 август 2016