(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ СЕ ПРИБЛИЖУВА КОН ХРВАТСКА: Aвстрија е веќе „покосена“
Објавено во: Балкан 19 Август, 2017
На западот од Хрватска и во Загреб веќе дува силен ветер и се очекува силно невреме.
На подрачјето на Истра на сила е портокалов аларм.
Невремето претходно ја зафати Австрија каде има две жртви, 120 повредени лица од кои 20 тешко.
Местото Санкт Јохан на северот од земјата беше погодено од невремето каде 650 луѓе беа на прославата со пожарникари под шатори.