(Видео) ОГРОМНИ ПРОМЕНИ: Како ќе изгледа светот за 100 години
Објавено во: Свет, Стил 16 Февруари, 2016
Светот за 100 години ќе биде далеку од она што е денес, предвидуваат светските експерти.
Во иднина на пример, наместо да одиме на одмор и да бараме сместување,благодарение на големи дронови ќе можеме да ја поместиме цела куќа со нас.
Ова е само едно од предвидувањата на група научници, во која биле вклучени и архитекти и урбанисти кои истражувале за тоа како ќе се живее по еден век.
Експертите предвидуваат дека виртуелниот свет ќе земе голем замав, па ќе бидат возможни и виртуелни средби, но и 3Д храна и пијалоци.
Се предвидува дека до тогаш Марс и Месечината ќе бидат колонизирани и ќе може секој да ги посети.
“Нашиот живот денес е непрепознатлив во однос на животот пред 100 години, а истото важи и за животот во 2016-та година” – вели Меги Адерин Покок, коавтор на извештајот „Smart things”.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/79ykh8-KtsM[/embed]