(ВИДЕО) ОВА Е БРАНАТА ШТО СЕКОЈ МОМЕНТ МОЖЕ ДА ПУКНЕ: Загрозени се 70.000 луѓе
Објавено во: Свет 23 Септември, 2017
Брана во Порторико може да пукне и да загрози над 70.000 жители во два соседни града.
Властите се обидуваат да ги мобилизираат сите ресурси.
Ова се случува по налетот на ураганот Марија во земјата. Поради оштетување на браната на езерото Гуахатака, властите почнаа евакуација на околу 70.000 жители на островот. Се работи за луѓе кои живеат долж езерото.
„Инспекторите најдоа пукнатина во браната, за која властите заклучија дека би можело да биде почеток на нејзино катастрофално уривање“- вели метеорологот од Националната метеоролошка служба, Ентони Рејнес.
Надлежните велат дека ова е опасна ситуација и не знаат колку време ќе трае.
Портпаролот на Владата, Карлос Бермудес, објасни дека официјалните лица немаат комуникација со 40 од 78 окрузи на Порторико, дури ни два дена откако ураганот Марија го погоди островот.
Властите соопштија дека се уништени од 1.360 од 1.600 репетитори, а 85% од каблите за интернет и телефонија се урнати. Струја нема во голем дел од земјата.