(Видео) Папата им ги миеше и бакнуваше нозете на мигрантите
Објавено во: Свет, Стил 25 Март, 2016
Папата Франциско вчера ги миеше и ги бакнуваше нозете на муслиманите, православните, католиците и хинду-бегалците, прогласувајќи ги за деца на еден ист бог во знак на добредојде и братство, во време кога по нападите во Брисел низ цела Европа се разгореа антимуслимански и антиимигрантски чувства.
За време на велигденската неделна миса со барателите на азил во камп во близина на Рим Франциско го осуди масакрот како „гест на војна“ спроведен од крвожедни луѓе потчинети на индустријата за оружје.
Ритуалот на Велики четврток се состои од миење нозе, што Исус го извршил над своите апостоли пред да биде распнат, и е наменет како гест на служење. Франциско го спореди со „гестот на уништување“ извршен од страна на напаѓачите во Брисел, велејќи дека сакале да го уништат братството меѓу човештвото претставено од мигрантите.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/trxrLUTSqTA[/embed]