Видео пародија: Како изгледа состанок на Трамп со најважните советници
Објавено во: Свет 16 Април, 2017
Сатиричното шоу Saturday Night Live продолжува да го исмева американскиот претседател Доналд Трамп кој одлично го имитира актерот и комичар Алек Болдвин.
Овој пат пародијата е насочена кон двајцата врвни советници на Трамп, неговиот зет Џаред Кушнер кој стекнува се поголема моќ во Белата куќа и има дипломатски статус но никогаш не говори во јавност, како и советникот Стив Банон кој самиот се прогласи за човек во сенка.
Судирот меѓу двајцата советници доведе до тоа Банон да го изгуби местото во Безбедносниот совет, додека пак Кушнер кој и е сопруг на Иванка изби на челната позиција во администрацијата на Трамп.