26 Април, 2024
0.0299

(ВИДЕО) Пасторот Брансон се молеше со Трамп откако „се спаси“ од Турција

Објавено во: Свет 14 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Американскиот свештеник Ендрју Бренсон кој беше ослободен од затворот во Турција, се молеше во Белата куќа со претседателот на САД, Доналд Трамп.

Бренсон беше пречекан во Белата куќа за да го прослават неговото ослободување по речиси две години минати во затвор во Турција, што предизвика дипломатски конфликт со клучниот американски сојузник што наиде на осуда од евангелско-протестантските кругови во САД.

"Молитва за мене е потребна многу повеќе отколку за било кој во оваа соба, па тоа ќе биде многу убаво, ви благодарам.", му рече Трамп на Брансон, откако овој го праша дали може да се моли за него.

Брансон побара од Бог на Трамп да му даде мудрост да ја води земјата.


Бренсон се вратил во Соединетите Држави со воен авион минатата ноќ, непосредно пред да се состане со американскиот претседател. Како пастор живеел во Турција веќе 23 години. Тој беше уапсен во декември 2016 година, а на 25 јули оваа година беше префрлен во куќен притвор поради здравствени причини.

"Од турскиот затвор до Белата куќа за 24 часа, тоа не е лошо", му рече шеговито Трамп.

Посетата на Бренсон претставува дипломатска и можна политичка победа за Трамп и неговата евангелска база, објави АП. Трамп вчера му се заблагодари на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за ослободувањето на свештеникот и рече дека тоа ќе доведе до добри, можеби и одлични односи меѓу САД и Турција.

Турскиот суд донесе одлука за ослободување на американски пастор чие затворање предизвика дипломатска криза помеѓу Анкара и Вашингтон.

Пастор беше обвинет дека дејствуваат во име на мрежата на проповедникот Ѓулен, кого Анкара го смета одговорен за обидот за државен удар во јули 2016 година.

Можеби ќе ве интересира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9