(ВИДЕО) Погледнете го огнометот во Манила од кој земјата се тресеше
Објавено во: Стил 03 Јануари, 2015 12:09
Огнометот на Филипините за Нова година е настан кој е навистина единствен во светот. На снимката подолу може да ја видите панорамата на Манила и да ја слушнете какафонијата од многубројниот огномет.
Сигурно е дека никогаш не сте виделе ваков огномет за новогодишната ноќ!. Ова видео е снимено од највисоката зграда во центарот на Манила, главниот град на Филипините.
Ваквата глетка е единствена за Филипините, во западните земји професионалниот огномет е регулиран, и нег6л6овото купување е ограничено само за лиценцирани техничари.
Меѓутоа, во земјите како Филипините и Кина нема такво ограничување. Во оваа островска земја, само 20 видови огномети се сметаат за нелегални. Поради тоа, огнометот во Манила дејствува како анархија.
Тука се секако и последиците. Речиси 130 лица се повредени во текот на прославата на влегувањето во Новата година, па министерството за здравство апелирало на локалните власти да ги забранат петардите.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:






Погледнете го видеото: