(ВИДЕО) Повеќе експлозии во Бања Лука, има и повредени
Објавено во: Балкан 03 Октомври, 2017
Две лица се повредени во повеќе експлозии во градот Бања Лука во Република Српска.
Експлозиите се случија во 10:30 часот кога експлодирал автомобил „Мерцедес“.
Неофицијално изгорени се три автомобили. Повреден е човек кој, за време на експлозијата, се обидувал да го извади автомобилот од паркингот, како и лице што седело во блиското кафуле.
Постојат сознанија дека експлозивната направа била ставена под автомобил на професор по физичко образование, против учениците го обвинуваат за педофилија.
Скршени се сите прозорци на првиот кат на блиската зграда. Пожарот е изгаснат, а на местото на настанот присутни се пожарникари, брзата помош и преставници на полицијата.
Gori Mercedes preko puta Rebrovačke crkve. pic.twitter.com/B8ilLxv5ES
— Mijamoto Usagi (@brat_lujo) October 3, 2017