(ВИДЕО) ПОВТОРНО ЕКСПЛОЗИЈА ВО РУСИЈА: Детонација близу школо, повреден домарот
Објавено во: Свет 06 Април, 2017
Еден маж (46) е повреден во експлозија во градот Ростов на Дон, на југот од Русија, соопштија руски полициски служби.
Експлозијата се случила во близина на школо, а инцидентот се случи околу 7 часот по московско време во центарот на градот.
Специјални служби моментално се на лице место и ја проверуваат областа.
Според информациите мажот кој е идентификуван како Димитриј К. подигнал сомнителен предмет кој се наоѓал на улицата и така ја активирал детонацијата.
„Човекот подигнал сомнителен пакет кој го детонирал, а експлозијата му ги откинала прстите и направила рана во стомакот. Мажот е во болница“ рекол изворот.
Се наведува дека повредениот маж е домар во школото, а несреќата се случила додека го чистел подрачјето околу училиштето/
Предметот кој експлодирал била импровизирана експлозивна направа замаскирана да изгледа како батериска лампа.
Школото е затворено, а на децата не им е дозволено да влезат во зградата.