26 Април, 2024
0.0279

Видео: Прв трејлер за серијата Македонија

Објавено во: Мои пари 12 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

ЈАДРАН ФИЛМ доел, со гордост Ви го претставува  trailer-от на играната серија МАКЕДОНИЈА која е специфична љубовна приказна, каде главен актер е американски продуцент  кој доаѓа во Македонија  за да прави серија за МАКЕДОНИЈА  и при тоа се бори со своите дилеми, влијанија и препораки од разни страни како серијата би можела, требала и смее да изгледа ... Неколку пати после неколку тешки удари на проектот, скршен за кратко решава да се откаже, но сепак на крај ја завршува серијата...

Изработка на квалитетен и добар, а пред се и гледан производ кој ќе има гледачи во целиот свет е задача која воопшто не е лесна ниту едноставна. За тоа говорат и бранувањата околу овој проект, коишто за жал стануваат дел од дејствието на играната серија МАКЕДОНИЈА. Во оваа прилика, во името на целата екипа, изразуваме благодарност за огромната поддршка што ја добивме од јавноста, како и од сите сегменти на македонското општество, токму од оние кои се дел од дејствието и дел од екипата на серијата.Објавувањето на trailerot е првиот чекор кој го правиме во презентација на играната серија МАКЕДОНИЈА пред јавноста, и во транспарентен процес ги надминеме сите предизвици со кои се соочивме и се соочуваме за време на подготовките и снимањето на првата сезона од серијата. Работејќи со силна верба и висока цел, ние ја снимивме првата сезона од серијата која ги промовира темелните човекови вредности Гледајќи го trailer-от, МАКЕДОНИЈА ќе видите дека тоа е љубовна приказна која во себе носи благородна порака на љубов и надеж! Серијата на која се  работеше скоро две години веќе е дистрибуирана на голем број светски пазари и ќе биде гледана низ целиот свет. За нас и за МАКЕДОНИЈА најважен дел на Светот е МАКЕДОНИЈА и гледачите во МАКЕДОНИЈА, велат од Јадран филм.

- Серијата ќе ја завршиме и јавно ќе ги презентираме сите информации со единствена цел институциите на системот и целата македонска јавност да бидат точно информирани. Нашата професионална работа е јавна, „res publica“, позади која стои нашата компанија со 71 годишна традиција, компанија која продуцирала повеќе од 200 филмови, како и најсложени и најуспешни серии за светскиот пазар. Така ќе биде и овојпат со проектот МАКЕДОНИЈА, тврди продукцијата.


Комерцијален текст

Можеби ќе ве интересира

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум