Видео: Путин бара одговор кој го нарачал атентатот на рускиот амбасадор
Објавено во: Свет 19 Декември, 2016
Рускиот претседател Владимир Путин бара итни одговори кој го нарачал убиството на амбасадорот Андреј Карлов, за потоа да следи соодветен одговор од Руската Федерација.
„Ова убиство е јасна провокација насочена кон поткопување на процесот на нормализација на Руско-Турските односи, како и обид да се наруши мировниот процес во Сирија кој е промовиран токму од двете земји, како и нивните партнери“ изјави Путин на итната прес конференција.
Путин посочи дека амбасадорот Карлов бил посветен дипломат кој имал одлични односи со турските претставници и на последната посета на Анкара го придружувал. Исто така побара Карлов да добие одликување од Руската Федерација бидејќи загина на должност.